spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСите треба да го почитуваат законот

Сите треба да го почитуваат законот

Прашање: Дали меѓупартискиот договор мина без проблеми за утврдување на 17-ти октомври како конечен датум за избори?

Одговор: Мораме да потенцираме дека тука нема потреба од меѓупартиски договори останати состаноци и преговарања, бидејќи сите како ВМРО-ДПМНЕ, како СДСМ така институциите треба да го почитуваат единствено законот, а законот налага дека 17-ти октомври е датумот за локалните избори.

Прашање: Заев истакна дека ЕУ укажала дека не треба во личните карти да има етничка графа и тоа треба да се почитува?

Одговор: Многу пати Зоран Заев, се што изјавил излажал, но еве да не се фокусираме на тоа, можам само да потенцирам дека и европското знаменце на законот за марихуана и канабис којшто сака да го протне Зоран Заев за да се збогати неговата фамилија и неговите најблиски во семејството, не се европска препорака, односно препорака на ЕУ и приоритет за да има европско знаменце во Собранието, па Зоран Заев сепак сака да го помине со европско знаменце.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...