Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Ѓоргиевски ,денеска направија увид на дел од проектите што општината ги реализираше со средства од Програмата за рурален развој.
Станува збор за реализација на два капитални проекти кои се од големо значење и за општината и за граѓаните кои живеат во овој дел од државата.Директорот Бачовски, истакна дека двата проекти кои ќе се реализираат воовој регион ќе овозможат раст на економијата но и развој на населените места.
„ Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во општина Охрид има одобрено близу 11,2 милиони денари за реализација на два големи капитални проекти. Средствата се одобрени од Програмата за рурален развој, а се наменети за реконструкција на пумпни станици Љубаништа, Трпејца, за селата Рача, Коњско, Лагадин, Елешец, Пештани а со овие средства се изработуваат и урбанистички планови за 20 населени места. На овој начин, граѓаните од Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елешани, Лагадин, Велестово, Орман Коњско, Куратица, Рамне, Лескоец и други ќе можат да добијат можност плански да се развиваат а со тоа да се јакне и тој регион. “- истакна директорот Бачовски
Градоначалникот на Охрид, Ѓоргиевски рече дека со неповратниот грант што општината ги доби како поддршка од Платежната Агенција се завршени два важни проекти кои директно влијаат на 20 населени места во охридско.
„ Пумпните станици кои ги набавивме со неповратен грант се од огромно значење затоа што обезбедуваат постојано снабдување со вода за пиење на месното население а со тоа се обезбедува и услови за развој на туризам. “ – истакана Ѓоргиевски
Бачовски и Ѓоргиевски, беа и дел од караванот ИПАРД инфо ден кој се оддржа во Охрид и Вевчани. Директорот Бачовски,преку денешната работилница ги повика сите мали и микро претпријатија кој сакаат да го осовременат производството или пак да отвораат нови компаниии да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ . Финансиската поддршка може да се вложи во неколку приоритетни сектори и тоа
1. Алтернативно земјоделско производство
2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
• Алкохолни производи од овошје и пиво;
• Колачи, тестенини и пекарски производи;
• Чај и билни екстракти;
• Зачини и билки;
• Слатководна риба, ракови и мекотели и
3. Производство на не-прехранбени производи
4. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
Со помош на средствата од ИПАРД 2 Програмата се развиваат, осовременуваат домашните преработувачки капацитети и претпријатија , производите добиваат поголема додадена вредност а се создаваат услови за отворање на нови работни места.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој