spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: „Влогот е голем, направивме многу и повикувам како земја и народ...

СЕП: „Влогот е голем, направивме многу и повикувам како земја и народ да бидеме третирани со достоинството што го заслужуваме и да бидат применети пристапните критериуми и европските вредности”

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на вториот ден од неформалниот состанок на министри за европски прашања, се обрати на пленарната сесија во Брдо, Словенија, насловена „Кон поголема отпорност на Европската Унија по КОВИД-19 кризата“.

Главниот фокус на дискусијата беше ставен на зајакнување на капацитетите на Унијата за справување и опоравување од КОВИД-19 кризата, при што вицепремиерот Димитров ја потенцираше важноста на развивањето заеднички координиран пристап на ЕУ и Западниот Балкан за справување со споделените предизвици како можности за поголема интеграција.

Димитров: „Вирусот не познава граници и не знае дали земјите се членки или кандидати за членство. Затоа нашиот регион, опкружен со ЕУ земји, мора заедно со ЕУ да се справува со заедничките кризи, како што е пандемијата.”

Во тој контекст, Димитров посочи дека Западниот Балкан е вклучен во повеќето механизми на ЕУ за справување со здравствената криза, но и социо-економско опоравување.

Зборот криза значи одлучувачки момент. Токму за проширувањето, во рамки на словенечкото претседателство ни престои таков одлучувачки момент во смисла на потребата од заживување на европскиот сон во Западниот Балкан. Успехот ќе биде заеднички. Неуспехот ќе биде заеднички.

Димитров: „Случајот на Северна Македонија е сериозен тест за европската перспектива на регионот и за постулатите на Унијата како заедница на вредности, што ја слави јазичната и културната различност на континентот.

Влогот е огромен, и повикувам како земја и народ да бидеме третирани со достоинството што го заслужуваме и да бидат применети критериумите за пристапување кон Унијата како и европските вредности.”

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...