Општина Аеродром изгради уште едно детско игралиште, овој пат во Стар Аеродром. И ова, како и сите претходно изградени нови и реконструирани детски игралишта, има современи и реквизити што ја развива детската фантазија. Детското игралиште е обложено со лиена гумена подлога, што ги задоволува сите современи светски стандарди за безбедна игра на дечињата.
„Децата заслужуваат најдобри услови за безбедна и безгрижна игра. Општина Аеродром инвестира во подобра иднина за сите“, изјави градоначалникот Златко Марин!
27.7.2021
Општина Аеродром
Извор: Општина Аеродром