spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Награда за олимпискиот вицепрвак во Текводно Дејан Георгиевски

Град Скопје: Награда за олимпискиот вицепрвак во Текводно Дејан Георгиевски

На иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје.

Георгиевски предмалку слета на аеродромот во Скопје каде што беше пречекан од голем број  граѓани, а свечениот пречек ќе се одржи во 19:30 часот на плоштадот Македонија.

Дејан Георгиевски по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри, а ова е прв медал за нашава држава по пауза од 21 година.

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...