Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите заинтересирани за аплицирање за Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ дека Европската Комисија одобри зголемување на првично предвидените средства за оваа мерка.
Ова значи дека од привично предвидените 9,6 милиони евра сега на располагање на потенцијалните апликанти за реализација на проекти преку мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ се ставаат на располагање над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.
албанска верзија
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој