spot_img
spot_img

Караванот за ИПАРД инфо деновите во вторник во Крушево и Ресен

Самостојни органиСамостојни државни органиКараванот за ИПАРД инфо деновите во вторник во Крушево и Ресен

Најчитано

Во вторник на 3ти август 2021 година Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе одржат инфо ден, во врска мерката 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси од ИПАРД Програмата 2014-2020, во следниве општини/населени места:

 

– Ресен, во салата за состаноци на општина Ресен од 11.00 часот и

– Крушево, во горна училишна зграда “Никола Карев” од 14.00 часот

 

Со мерката 7 од ИПАРД предвидена е финансиска поддршка во минимална вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција (проект) не пониска од 1.500 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ), додека максималната вредност не може да биде повисока од 1.000.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ). Вкупната финансиска поддршка која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во оваа мерка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Во рамките на Јавниот повик 01/2021, сите заинтересирани странки, може да се информираат за условите и начинот за поднесување на Барања за користење на средствата од мерката 7 и приоритетните сектори по кои може да аплицира. Сите заинтерсирани баратели до 22 август 2021 година треба да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација која се бара во Јавниот повик 01/2021, објавен на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД www.ipard.gov.mk на следниов линк:

 

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2021 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

 

– За дополнителни информации и детали за ИПАРД Програмата 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

 

Ве молиме оваа информација да ја пренесете на сите заинтересирани странки, ваши членови, потенцијални корисници на средствата од мерката 7, со цел подобра информираност на пошироката јавност.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000