spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Поцков го честита Илинден

Гевгелија: Поцков го честита Илинден

Почитувани сограѓани, Нека ни е честит и вековит држaвниот и верскиот празник, 2 Август- Илинден! Им оддаваме почит, им се поклонуваме и ги сеќаваме сите народни херои кои ги удриле темелите на македонската државност со Илинденското востание во 1903 година. За во 1944 година, на истиот датум, по нивна заслуга да дојде до државното конституирање и да биде прогласен македонскиот јазик за службен јазик на Првото заседание на АСНОМ, како најзначаен историски дострел на нашиот народ во борбата за сопствена национална држава.

Уште еднаш, Ви го честитам Празникот, одбележувајќи го и славејќи го уште многу лета затоа што тоа ни е должност, како сегашни и идни генерации- поколенија на Илинденците! А, Свети Илија нека ни дари здравје и нека нè чува под неговата закрила!

Со почит,

Сашо Поцков

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...