spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелијa: Aпел до граѓаните за поголема внимателност од пожари

Гевгелијa: Aпел до граѓаните за поголема внимателност од пожари

Во текот на изминатите денови, на подрачјето на Општина Гевгелија, од страна на ТППЕ- Гевгелија беа локализирани и изгаснати неколку пожари. Брзата интервенција на ТППЕ- Гевгелија го спречи ширењето на огнот кој ги зафати: леандрите на површината помеѓу стариот пат за Богородица и автопатот „Е-75“, потоа нискостеблестата површина покрај патот и железничката пруга во Смоквица и леандрите на патнитот правец близу граничниот премин „Богородица“. Како што истакнаа од ТППЕ- Гевгелија, причината за пламнувањето е човечки фактор.

Имено, ТППЕ- Гевгелија и Општина Гевгелија упатуваат апел до граѓаните на општина Гевгелија за совесно однесување, особено, во овој период поради пеколните горештини и интензивно високите температури во Гевгелија. Да внимаваат при фрлањето на отпушоци од цигари, а сопствениците на земјоделски површини да не ги палат стрништата и земјоделските отпадоци. Истовремено, ги потсетуваат и на целосната забрана за движење во шума и шумското земјиште на целата територија на РСМ која ја воведе Владата на РСМ, заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...