spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedКисела Вода: Интензивни реконструктивни активности во ЈДГ „Весели цветови“

Кисела Вода: Интензивни реконструктивни активности во ЈДГ „Весели цветови“

ЈДГ „Весели цветови“ го користи летниот период за реконструктивни зафати на нејзините објекти.

Имено, од 10.07.2021 година ЈДГ „Весели цветови“ – на Општина Кисела Вода во Град Скопје започна со реконструкција на кровната површина од објект Синоличка лоциран на ул. „Петар Дељан“ бр. 6 .

Ова беше долгогодишен горчилив проблем за вработените , родителите, но најмногу за децата, бидејќи кровот до сега беше со азбесни табли и истиот при дождови прокиснуваше во занималните кај што престојуваа децата.

Кровната површина на објектот датира од 1965 година, односно од самото постоење на објектот.

Истовремено, се превземни поголеми активности за реконструкција на подните површини во два објекта од оваа предучилишна установа.

Имено, во објект Мимоза лоциран на ул. „Антон Попов“, бр 43 и објект Синоличка се врши стругање и лакирање на паркет.

Сите превземени активности се со цел за подобрување на условите пред се за децата кои престојуваат во Установата како и за вработените.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...