spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Видео-средба со првите носители на МКАРТА

МНР: Видео-средба со првите носители на МКАРТА

Во рамките на проектот МКарта,  остварена видео-средба со истакнати претставници на дијаспората, избрани да бидат носители на првите МКарти. Проектот, кој произлегува од надлежностите на Министерството поврзан со дијаспората, беше претставен во мај оваа година од страна на министерот Бујар Османи.

На предлог на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, вкупно 68 истакнати членови на нашата дијаспора, беа избрани да ја добијат картата, меѓу нив – научници, универзитетски професори, лекари, уметници, бизнисмени, менаџери и сопственици на компании, кои со својот професионален успех на најдобар можен начин ја претставуваат нашата држава.

 

Со проектот МКарта се создава мост за соработка меѓу дијаспората и Северна Македонија, но и успешна и вредна мрежа на личности кои се најдобри во своите професии и кои со својата посебност оставиле белег во новите средини каде се успешно интегрирани. Целта е да се зацврсти врската со нив, преку дополнителен поттик за заемно изнаоѓање начини за зголемување на можностите за соработка, за поголемо вклучување на дијаспората во општествениот живот на земјава и нивна натамошна активна улога во промоција на нашата држава во странство.

Со картата се добиваат одредени бенефиции, како предност при аплицирање за проекти во рамките на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи со поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, поддршка во случај на нови бизниси, слободен влез на културни настани, музеи и галерии и би се добиле и други погодности, на чие проширување се работи во соработка со други институции.

Проектот МКарта е континуиран процес и ќе продолжи зависно од предлозите што ќе пристигнат од страна на дипломатско-конзуларните претставништва.

Денешната видео-средба, следува по приемот организиран во просториите на Министерството за надворешни работи за припадниците на дијаспората, но и како продолжение на многубројните проекти кои Министерството ги развива, а кои директно се поврзани со дијаспората.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...