spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Ново детско игралиште на пешачката патеката кон „Горица“

Охрид: Ново детско игралиште на пешачката патеката кон „Горица“

Се гради ново детско игралиште на пешачката патеката кон „Горица“ во непосредна близина на фитнес зоната.

На локацијата веќе се поставени најсовремени реквизити, кои се прилагодени и за дечиња со посебни потреби. Во тек се работни активности за поставување на специјална гумирана подлога, која е во согласност со стандардите за безбедност.

Со цел да се подобрат условите за забава на најмладите, планирана е изградба на детски игралишта во непосредна близина на ОУ „Григор Прличев“ и во населбата „Црногорци“ во непосредна близина на новиот терен за баскет.

Вредноста на трите детски игралишта е 3.446.113 денари, а седствата се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...