spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСилна поддршка за земјоделците

Силна поддршка за земјоделците

Почитувани граѓани,

 

Развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец е одлика на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

 

Нашите политики и заложби се препознаени преку бројните активности, исплати, јавни повици и мерки кои имаат само една цел – финансиска поддршка и достоинствен живот за секој земјоделец, без разлика на политичките и верски определби.

 

Во моментот актуелен е јавниот повик за популарната мерка млад земјоделец, преку која Владата предводена од СДСМ за 4 години додели над 500 договори за неповратен грант од 10.000 евра. Чесно, транспарентно и неселективно.

 

Течат роковите и за мерка 7 од ИПАРД програмата, каде на располагање се 13.5 милиони евра за поддршка на земјоделците, занаетчиите, претприемачите и туристичкиот сектор во руралните средини. Продолжуваме со успешната приказна со ИПАРД како лидери на Западен Балкан.

 

Во деновите пред нас продолжува исплатата на субвенциите. Досега се исплатени близу 4 милијарди денари, а со усвоениот ребаланс на располагање се ставени уште 3 милијарди денари за градинарите, сточарите, овоштарите и лозарите. Со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат 115 милиони евра на над 66.000 земјоделци.

 

Дополнително, во деновите пред нас ќе започне надополнувањето на картичките за зелена нафта. Инвестираме 3 милиони евра во поефтина нафта за над 50.000 земјоделци.

 

Од денес се објавени и јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште до 3 ха.

 

Ги отстапуваме државните земјени ресурси на македонските земјоделци. За зголемена економска активност во земјоделството, зголемени обработливи површини и производство на домашни култури.

 

Почитувани,

 

За СДСМ земјоделството е стратешка и приоритетна гранка. Со досега незапаметена активност на институциите инвестираме во подобро утре преку директни плаќања, грантови и доделување на државно земјоделско земјиште.

 

СДСМ постои за секој земјоделец, работи за зекој земјоделец.

 

За СДСМ секој е важен. Нашата почит е изразена кон секој земјоделец.Со СДСМ земјоделецот има фер третман. Со СДСМ земјоделецот е вреднуван и ценет.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Илинден: Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци

0
Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба спортското игралиште...