Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Филип Темелковски континуирано работи на реализација на бројни проекти од инфраструктурата, преку изградба и реконструкција на улици и булевари во општина Кисела Вода, со што обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај за граѓаните.
Токму во таа насока започнува реконструкцијата на улица „Св. Наум Охридски“ во населба Црниче која опфаќа 680 метри должина, а ќе бидат заменети тротоари како и со поставување на нова атмосферска канализација од 300 метри. Предвидениот рок за изведба е 2 месеци.
Продолжуваме да инвестираме во подобрување на инфрастурктурата преку реализација на бројни проекти, претходно целосно ги реконструиравме улиците „Востаничка“, „Милан Мијалковиќ“ „Саса“, „Сердарот“ и други улици во општина Кисела Вода.
Почитувани,
Во периодот што следи, водени од интересот на граѓаните со уште поголема посветеност продолжуваме со нови проекти во инфраструктурата.
Работиме во интерес на граѓаните и затоа го креираме најдоброто за секоја општина за секое населено место.
Извор: СДСМ