Како централната така и локалната власт покажуваат целосна негрижа за состојбата со пожарите. Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов никаде го нема а вчера имаше 18 активни пожари во скопско, а 3 беа посериозни.
Кога граѓаните со голи раце се справуваат со пожарите функционерите и одговорните тераат одмори. Во други земји при вакви катастрофи се одложуваат обврски и службени посети, а не пак одмори.
Власта аздиса. Го остави сам народот во наjтешкото. Затоа веќе не требаат одговори, туку одговорност од власта. И Шилегов и Заев и сите останати ќе останат запаметени како властодршците кои го напуштија својот народ кога му беше најтешко.