spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСкопје гори, Шилегов никаде го нема, а командирот на противпожарната единица тера...

Скопје гори, Шилегов никаде го нема, а командирот на противпожарната единица тера одмор

Како централната така и локалната власт покажуваат целосна негрижа за состојбата со пожарите. Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов никаде го нема а вчера имаше 18 активни пожари во скопско, а 3 беа посериозни.

Градот мирисаше на чад, гореа падини од Водно, гореше во Ѓорче Петров, гореше фабриката ОХИС, а Шилегов ужива на одмор како божем да се преработил. Ај што го нема Шилегов, туку во исто време го нема и командирот на скопската противпожарна единица.

Кога граѓаните со голи раце се справуваат со пожарите функционерите и одговорните тераат одмори. Во други земји при вакви катастрофи се одложуваат обврски и службени посети, а не пак одмори.

Власта аздиса. Го остави сам народот во наjтешкото. Затоа веќе не требаат одговори, туку одговорност од власта. И Шилегов и Заев и сите останати ќе останат запаметени како властодршците кои го напуштија својот народ кога му беше најтешко.

Прочитајте