Согласно Националната стратегија за млади кон тематската област за Младинско учество, со цел, Обезбедување на позначаен институционален фокус на младите преку Агенцијата за млади и спорт, мерката „Воспоставување на коменаџмент – механизамм за одлучување и координација при спроведување на активностите со членство на младински организации , организациите за млади, чадор организациите и претставници на администрацијата“ а со цел зголемено вклучување на младите при креирање на политиките за млади се формираше Совет за млади при Агенцијата за млади и спорт.
Врз основа на јавниот повик објавен од страна на Агенцијата за млади и спорт аплицираа вкупно 10 младински организации, организации за млади и младински чадор организации.
Членови кои ќе го сочинуваат Советот за млади при Агенцијата за млади и спорт се :
Марија Крстевска – Претставник од НМСМ
Зоран Илиески – Претставник од Коалиција СЕГА
Мартина Јачевска – Претставник од СМР
Нами Исаки – Претставник од ЦИД – Куманово
Стефани Спировска – Претставник од МОф
Методија Стојчески – Претставник од Младински сојуз Крушево
Евгенија Јанакиеска – МОН
Мухамед Точи – МП
Ивана Кусакатска – МТСП
Надлежности на Советот за млади се :
– Да дава предлози, иницијативи и мислења до Директорот
– Ги следи состојбите поврзани со младинските политики и општетствени текови и предлага нивно унапредување
– Предлага и планира мерки за унапредување на позицијата на младите луѓе
– Предлага и креира критериуми за поддршка на младинските организации и организации за млади
– Изготвува анализи, осврти, информации и други материјали
– Разгледува барање од младинските организации и организации за млади
– Постапува по дополнителни барања и потреби на Директорот.
Извор: Агенција за млади и спорт