spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Формиран е советот на млади при Агенција за млади и спорт

АМС: Формиран е советот на млади при Агенција за млади и спорт

Согласно Националната стратегија за млади кон тематската област за Младинско учество, со цел, Обезбедување на позначаен институционален фокус на младите преку Агенцијата за млади и спорт, мерката „Воспоставување на коменаџмент – механизамм за одлучување и координација при спроведување на активностите со членство на младински организации , организациите за млади, чадор организациите и претставници на администрацијата“ а со цел зголемено вклучување на младите при креирање на политиките за млади се формираше Совет за млади при Агенцијата за млади и спорт.

Врз основа на јавниот повик објавен од страна на Агенцијата за млади и спорт аплицираа вкупно 10 младински организации, организации за млади и младински чадор организации.

Членови кои ќе го сочинуваат Советот за млади при Агенцијата за млади и спорт се :

Марија Крстевска – Претставник од НМСМ

Зоран Илиески – Претставник од Коалиција СЕГА

Мартина Јачевска – Претставник од СМР

Нами Исаки – Претставник од ЦИД – Куманово

Стефани Спировска – Претставник од МОф

Методија Стојчески – Претставник од Младински сојуз Крушево

Евгенија Јанакиеска – МОН

Мухамед Точи – МП

Ивана Кусакатска – МТСП

 

Надлежности на Советот за млади се :

–          Да дава предлози, иницијативи и мислења до Директорот

–          Ги следи состојбите поврзани со младинските политики и општетствени текови и предлага нивно унапредување

–          Предлага и планира мерки за унапредување на позицијата на младите луѓе

–          Предлага и креира критериуми за поддршка на младинските организации и организации за млади

–          Изготвува анализи, осврти, информации и други материјали

–          Разгледува барање од младинските организации и организации за млади

–          Постапува по дополнителни барања и потреби на Директорот.

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...