Од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина

ВладаОд 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина

Најчитано

Владата на Република Северна Македонија на денешната 97-ма седница, вечерва, со почеток во 19:00 часот, преку видеоконференциска врска ја одржа редовната 97-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од интерес на граѓаните.

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки:

– До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.

– За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

– Од 16 август 2021 година целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

– Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

– Приложувањето и поседувањето на потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

– Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19.

На седницата, на покана на премиерот, присуствуваше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој информираше за сите актуелни и локализирани пожари одделно, на целата територија на Република Северна Македонија, при што беше истакнато дека ситуацијата на поголемиот дел се стабилизира и беше искажана огромна благодарност за несебичната помош од локалното население, припадниците на државните органи и помошта од повеќе пријателски земји.

Членовите на Владата, вечерва донесоа и Одлука за дозвола на Дирекцијата за заштита и спасување за употреба и управување со ресурси од Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, 50.000 литри течно вештачко гориво керозин, без надомест, доколку постои потреба.

Одлуката е донесена врз основа на анализи и процена на природата и интензитетот на кризната состојба, како и потребата од рационално користење на националните ресурси и сили во нивната континуирана ангажираност во справувањето со последиците и потребата од дополнителни летови во наредниот период, имајќи предвид дека Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи располагаат со доволна количина ресурси – керозин.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе