Во Општина Крива Паланка беше предадено во употреба специјализирано возило за транспорт и теренска работа на негуватели на стари лица во домашни услови и за потребите на корисниците на услугите.
Набавката на возилото е дел од проектот „Одговорни институции- среќни граѓани” кој Општина Крива Паланка и Црвен крст го имплементираат со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Светска банка, во рамки на проект за подобрување на социјални услуги.
Проект е насочен кон помош и нега на стари лица во домашни услови, а во претходниот период беше извршена обука на 20 негуватели кои ќе пружат нега на 40 стари лица во домашни услови.
Извор: Општина Крива Паланка