spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Набавено ново теренско возило за потребите на проектот „ОДГОВОРНИ ИНСТИТУЦИИ...

Крива Паланка: Набавено ново теренско возило за потребите на проектот „ОДГОВОРНИ ИНСТИТУЦИИ – СРЕЌНИ ГРАЃАНИ“

Во Општина Крива Паланка беше предадено во употреба специјализирано возило за транспорт и теренска работа на негуватели на стари лица во домашни услови и за потребите на  корисниците на услугите.

Набавката на возилото е дел од проектот „Одговорни институции- среќни граѓани” кој Општина Крива Паланка и Црвен крст го имплементираат со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Светска банка, во рамки на проект за подобрување на социјални услуги.

Проект е насочен кон помош и нега на стари лица во домашни услови, а во претходниот период беше извршена обука на 20 негуватели кои ќе пружат нега на 40 стари лица во домашни услови.

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...