spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Можностите за факултетите и научните установи за модернизација на лабораториските услови...

МОН: Можностите за факултетите и научните установи за модернизација на лабораториските услови и ресурси

По цела деценија, актуелното раководство на Министерството за образование и наука со согласност од Владата повторно ја отвори можноста за факултетите и научните установи во државата да аплицираат за средства од државниот буџет со кои ќе ги унапредат своите научно – истражувачки капацитети преку модернизација на условите во лабораториите. Вкупно 17,3 милиони денари за оваа намена ќе бидат распределени преку јавниот повик кој е во тек и може да се погледне на следниот линк.

На повикот, со свои предлог проекти за развој на лабораториските ресурси, можат да се пријават државните универзитети – факултети/научни институти и јавни научни установи – националните научни институти, како самостојни ентитети кои вршат дејност од посебен и јавен интерес за Република Северна Македонија. Аплицирањето трае до 20 септември.

Предвидени се три типа на поддршка:

1. Доделување на средства за формално признавање на компетентноста на лабораториите, на пример преку акредитација на методите кои ги применуваат во работењето;

2. Поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување на нови аналитички методи во рамки на лабораториите и

3.Поддршка за набавка на опрема, што подразбира модернизација на лабораториската инфраструктура.

Еден од условите за добивање на средства е ресурсите кои ќе се обезбедатне само да  бидат достапни за истражувачкиот персонал вработен во рамки на установите, туку пристап до нив, за истражувачки и едукативни цели треба да им се обезбеди и на надворешни корисници, односно научници и истражувачи со идеи за проекти од особена важност за државата и јавниот интерес.

За Владата и за Министерството за образование и наука, зголемувањето на вложувањата во научно-истражувачката дејност е еден од приоритетите, како основен услов за напредок на општеството, повисок економски раст и конкурентност на националната економија. Политиката на поттикнување на научно-истражувачката дејност преку обезбедување на зголемена буџетска поддршка има за цел да се зголеми учеството на БДП во науката и Република Северна Македонија да го достигне нивото на земјите од регионот и од ЕУ.

За потсетување, буџетот за наука кој во 2018 година изнесуваше 252 милиони денари, за три години е речиси двојно зголемен, а Северна Македонија продолжува да биде и корисник на значително зголемените буџети во рамки на меѓународните програми за наука, истражувања и иновации, како „Хоризонт Европа“.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...