spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Известување oд одржан осумдесет и седмисостанок на Општински штаб за заштита...

Куманово: Известување oд одржан осумдесет и седмисостанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со моменталната состојба и справување со пожари на територија на општина Куманово, како и мерки и активности кои ќе бидат превземени за заштита и спасувње при евентуална појава на пожари.На состанокот беа поканети и претставниците од институциите кои може да помогнат со материјално технички и чевечки ресурси за справување со пожаирте, и беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Општинскиот штаб за заштита и спасување дава предлог да се формира трочлена комисија од претставници од ТППЕ Куманово, ЈП „Водовод“ Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“, да изврши увид и одреди потенцијални локации на територија на општина Куманово за изведба на бушотини за снабдување со вода, кои би се користеле за полнење на возила на ТППЕ за гасење на пожарии изградба на хидранти. Исто така, се препорачува на Градоначалникот на Општина Куманово да спроведе итна постапка за изведба и опремување на бушотините.
  • Апел до граѓаните да се воздржат од палење на стрништа и отпаден материјал во дворови и на отворен простор, со цел да се спречи настанување на пожари, како и да пријават сомнителни движења на лица и возила, можни причинители на пожари, на надлежните институции.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...