spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени 617,6 милиони денари за обележани грла говеда, кози, задржано женско...

АФПЗРР: Исплатени 617,6 милиони денари за обележани грла говеда, кози, задржано женско јагне

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 11,785 субјекти исплати близу 617,6 милиони денари за субвенции. Станува бор за исплата на субвенции за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметките имаат и сите фармери кои задржале женско јагне.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека со оваа исплата префрлени се и средства за 206 тутунопроизводители кои во минатиот период ги подмирија долговите за вода и пашарина. На сметките на тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020. Директорот Бачовски појаснува дека:

„ Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите за засеани површини со сертифициран семенски материјал, а ќе следи и исплата на сите кои ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка за мерка 2.17 директни плаќања за регистрирано презимено пчелино семејство. Во текот на наредната недела продолжува обработката на барањата за произведено и предадено млеко, по што сите кои ги исполниле условите ќе им биде исплатена финансиската поддршка.“ – информира Бачовски.

Политиката на неселективна исплата на субвенции продолжува. Средства за земјоделците има, грижата за секторот земјоделство беше и останува во фолкусот на оваа Влада. Земјоделците се наш партнер, наше е да создаваме поволни услови за раст и развој на агро – секторот а фокусот на земјоделците треба да биде прозводство на квалитетни домашни производи.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Илинден: Училиштен летен камп за учениците

0
Општина Илинден и оваа година организира училиштен летен камп во македонските туристички центри за најуспешните 50-тина ученици од општинските основни училишта. Дел од училиштниот...