spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваПрофесор Кадриу: новите материјали за учење на албански јазик одговараат на возраста...

Професор Кадриу: новите материјали за учење на албански јазик одговараат на возраста на првачињата и ја стимулираат нивната љубопитност и желба за учење

За професорот Вехби Кадриу, изработката на новите наставни материјали за албански јазик за прво одделение била предизвик во кој ги споил теоретското знаење со наставното искуство стекнато во повеќедецениска работа со студентите на Педагошкиот факултет во Скопје, кои се подготвуваат за учители и воспитувачи. На огласот на Бирото за развој на образованието се јавил заедно со Мирела Tерова, исто така искусна наставничка и авторка на учебници.

“Нашата концепција за учебникот по албански јазик како наставна алатка која директно му помага на ученикот за почетно читање и пишување, скоро во целост се совпаѓа со новиот Концепт за основно образование. Новата Концепција не само што бара нов и поинаков пристап кон учењето, туку и овозможува негова имплементација преку фокусирање на компетенциите, стандардите и резултатите од учењето, насочени кон ученикот”, вели Кадриу.

Наставните материјали се така подготвени, за да предизвикаат внимание кај деца кои живеат во ова време, бескрајно љубопитни но и со желба за бескрајна игра. Изработени се согласно новата програма по предметот албански јазик, според која оспособувањето на првачињата за логично и прецизно читање е во второто полугодие.

“Постојат и многу други иновации што го прават многу интересен учебникот Албански јазик 1, што ќе ги изненади првачињата и учителите кои ќе работат со него. Им посакуваме на учениците од прво одделение да бидат успешни во наставата, да доаѓаат на училиште со волја, насмеани и да уживаат учејќи од книгата по албански јазик со сите интересни, забавни и многу значајни содржини за нив како ученици”, вели професорот Кадриу.

Новите материјали за учење се изработуваат согласно усвоените нови наставни програми кои треба да обезбедат поголема интерактивност за време на наставата и да го поттикнат креативното и критичко размислување кај учениците. Инаку, сите промени се предвидени со новата Концепција за основно образование усвоена преку широка јавна дебата при што предвид е земено мислењето на сите засегнати чинители, а особено и на експертската јавност.

Имплементацијата започнува етапно со стартот на новата учебна година во прво и четврто одделение.

Видео

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте