Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, се вклучи во кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката“, креирана од Националниот демократски институт во РСМ (НДИ), поддржана од Шведската агенција за меѓународна развојна поддршка (СИДА).
Кампањата има за цел да ја подигне свеста за присутноста на насилството врз жените како во политиката, така и во сите останати општествени сфери, вклучително и сегментот на ниското учество на жените во политичките процеси и процесите на одлучување.
Градоначалникот Богдановиќ упати повик до сите граѓани да се вклучат во кампањата и со заеднички сили, да придонесеме за конечно и целосно искоренување на овој општествен феномен.
Извор: Општина Центар