spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Честитка до младите - Бидете бунтовни и аргументирајте

Карпош: Честитка до младите – Бидете бунтовни и аргументирајте

Со постапката за формирање на Локалниот младински совет и назначувањето на службеник за млади, со креирање на мобилната апликација „мЗаедница“, со овозможувањето на пракса за средношколци во општината, како и со други активности и проекти, општина Карпош континуирано го унапредува квалитетот на живот на младите на локално ниво.

На 12-ти август, Меѓународниот ден на младите се потсетуваме дека поддршката за младите луѓе  треба да биде секојдневна и системска.

Локалната самоуправа е предводена и од најмладиот градоначалник во државата, Стефан Богоев, што е само потврда дека младите луѓе можат да преземат одговорност и успешно да се справуваат со сите предизвици.

Општина Карпош е една од институциите која има и најплодна соработка со младинскиот сектор, младинските организации, како и со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), со чија поддршка реализираме повеќе проекти и активности.

Токму минатата година, со „Младински сојуз – Крушево“, успешно го реализиравме проектот „Youth Friendly City“, а со организацијата „Младите можат“ ги мапиравме потребите на младите на локално ниво. Сите податоци од истражувањата се користат за креирање на политики по потребите на младите на локално ниво.

Ги повикуваме сите млади луѓе да продолжат да бидат гласни, да го изнесуваат својот став, да бидат бунтовни, критични, да аргументираат и да веруваат во себе.

Честит Меѓународен ден на младите.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...