spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНедолична комуникација, вулгарности и примитивизам на Мицкоски

Недолична комуникација, вулгарности и примитивизам на Мицкоски

Почитувани граѓани,

Политичкиот пироман Христијан Мицкоски како да сака да ги запали и социјалните мрежи, ама со навреди, псовки и недоличен примитивизам.

Со крајно непримерен речник, вулгарности, недолични коментари и псовки, Христијан Мицкоски се скара со неговите поддржувачи и следбеници на Фејсбук.

Овие слики зад мене говорат за неговиот примитивизам, погледнете, тоа е Христијан Мицкоски.

Знаеме дека голема е нервозата кај Христијан Мицкоски и во Белиот дворец, им следи нов пораз на локалните избори.

Но, сепак, вакво ниско ниво на јавна комуникација, ваков примитивизам не само што не доликува, туку е срамна и недозволива за било кој политичар, особена за претседател на политичка партија.

Навредите и псовките со кои се служи Мицкоски говорат многу за неговата психолошка состојба, но и за неговиот карактер!

Примитивизам во комуникација на најниско можно ниво.

Прашање е како после толку реакции на социјалните мрежи Мицкоски не почувствува потреба да ги повлече овие зборови и да се извини.

Мицкоски е недостоен да води политичка партија, тој е недостоен да води ниту прифил на Фејсбук.

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...