spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНавремено исплатени околу 10 милиони евра субвенции на сметките на речиси 12...

Навремено исплатени околу 10 милиони евра субвенции на сметките на речиси 12 илјади земјоделци

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

СДСМ и Владата предводена од премиерот Заев продолжува со политиките кои значат вистинската грижа за земјоделците, во секој момент, особено кога поддршката од државата им е најпотребна.

На сметките на речиси 12.000 земјоделци исплатени се околу 10 милиони евра субвенции.

Исплатени се субвенциите за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметките имаат и сите фармери кои задржале женско јагне.

На сметките на тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020.

Нашата политика на навремена и неселективна исплата на субвенции продолжува, во интерес на секој земјоделец.

Досега веќе се исплатени 5,5 милијарди денари, заедно со усвоениот ребаланс а со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат рекордни 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци.

Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите и преостанатите субвенции.

Државата е тука за земјоделците, грижата за нив останува во фокусот на Владата предводена од СДСМ.

Земјоделците се наш партнер.

Создаваме услови за раст и развој на агро – секторот, за земјоделците да продолжат да произведуваат квалитетни производи.

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...