spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени субвенциите за презимени пчелини семејства и за мали стопанства...

АФПЗРР: Исплатени субвенциите за презимени пчелини семејства и за мали стопанства дефинирани според историски плаќања за претходни три години

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 5,885 субјекти, исплати 224 милиони денари за субвенции. Станува збор за исплата на средства за сите земјоделци кои правно – законски се стекнале со право на добивање на финансиска поддршка за презимени пчелини семејства, како и субвенции за мали земјоделски стопанства дефинирано според историски плаќања за претходните три години. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, појаснува дека откако по ребалансот стана оперативен Буџетот апликациите се обработуваат забрзано.

„Освен апликациите за исплата на субвенции, забрзано се работат и картичките за зелена нафта. Економскиот оператор „Макпетрол“ веќе ги изработи картичките што значи дека многу брзо ќе почне и распределбата на картичките за „зелена нафта“ преку која земјоделците ќе може да точат субвенционирано гориво за земјоделската механизација“ – појаснува Бачовски.

Политиката на поддршка на земјоделството и на неселективна исплата на субвенции продолжува. Средства за земјоделците има, грижата за секторот земјоделство беше и останува во фокусот на оваа Влада. Земјоделците се наш партнер, наше е да создаваме поволни услови за раст и развој на агро – секторот а фокусот на земјоделците треба да биде прозводство на квалитетни домашни производи.

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...