spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСите подготовки се завршени и целосно сме подготвени за отпочнување на пописот

Сите подготовки се завршени и целосно сме подготвени за отпочнување на пописот

„Државниот завод за статистика е целосно подготвен за отпочнување на најголемата и најзначајната статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021-та година. Сите подготвителни активности се завршени целосно и ние сме комплетно подготвени за отпочнување на оваа активност“, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на заедничката прес-конференцијата со портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.

Симовски информираше дека во тек се обуките на реонските инструктори, кои во оваа активност ќе имаат супервизорска функција, а за неколку дена ќе отпочнат обуките на лицата кои непосредно ќе го спроведат пописот, односно попишувачите.

„Денеска завршува конкурсот за пријавување на кандидати за попишувачи, бројките на апликанти се исклучително задоволителни, огромен е интересот, досега аплицирале речиси 8.000 за учество во пописот и сигурни сме дека ќе имаме комплетна покриеност со попишувачи на целиот терен“, нагласи директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

На прес-конференцијата директорот Симовски изрази благодарност за одлуката на Владата да се стават на располагање лицата кои се ангажирани со договори на дело во владините институции и во институциите на локалната самоуправа за да се вклучат во пописот како попишувачи, доколку за тоа има потреба.

Одговарајќи на новинарско прашање Симовски истакна дека очекува да има доволно попишувачи во сите реони, и истакна дека одлуката на Владата е само можност некаде евентуално да се интервенира доколку има потреба.

„Спремни сме за почетокот. Владата донесе по предлог на Комисијата за заразни болести многу строги протоколи како треба да се однесуваме во услови на пандемија. Ние гарантираме дека целосно до последната точка и запирка ќе ги почитуваме овие строги протоколи. Во однос на овој аспект сите треба да бидат сигурни дека во ниту еден случај, нема да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец во државата“, истакна Симовски.

Во однос на прашањето за електронски попис Симовски истакна дека воопшто не се размислува во насока да се менува методологијата, која е одобрена од страна на ЕУРОСТАТ, донесена со Закон и објавена во „Службен весник“.

Во однос на евентуално одбивањето на некои граѓани да се попишат директорот Симовски нагласи дека учеството во Пописот е законска обврска на секој граѓанин.

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЈА: Известување од Министерство за јавна администрација

0
Почитувани, Ве известуваме дека стапува на сила новата Mетодологија за планирање на вработувањата во јавниот сектор, како и формата и содржината на образецот на годишниот план...