spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПописот ќе овозможи база за понатамошни тематски истражувања наменети за лицата со...

Пописот ќе овозможи база за понатамошни тематски истражувања наменети за лицата со попреченост

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, денеска во Владата на Република Северна Македонија одржа средба со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, со претставник од Канцеларијата на Народниот правобранител и со претставници на граѓански организации на лица со различни видови попреченост.

На состанокот, кој го водеше советникот на Претседателот на Владата за прашањата поврзани со лицата со попреченост и координатор на Националното координативно тело Спасе Додевски, беа разгледани сугестиите и забелешките на организациите на лица со попреченост околу конципирањето на прашалникот и инклузивноста на попишувачкиот процес и беше изразена силна волја за интензивирање на понатамошна комуникација меѓу организациите на лицата со попреченост, Државниот завод за статистика и други релевантни институции.

Државниот советник за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во Канцеларијата на Народниот правобранител Весна Костиќ Ивановиќ укажа дека по направената анализа на пописните прашања упатени се сугестии до Државниот завод за статистика со цел унапредување на процесот на прибирање на податоци кои се однесуваат на лицата со попреченост во земјава.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски истакна дека пописот како една сеопфатна статистичка операција може да даде една статистичка база за лицата со попреченост која понатаму ќе иницира понатамошни наменски истражувања.

Тој подвлече дека сетот прашања ги зема предвид сугестиите на „Вашингтонската група“. Директорот на ДЗС исто така укажа дека и во процесот на попишување ќе бидат обезбедени знаковни толкувачи за комуникација со глувите лица, а предвидена е и можност за проверка на веродостојноста на одговорите дадени од слепите лица, од страна на нивно лице од доверба.

Координаторот на Националното координативно тело Спасе Додевски истакна дека ова тело е отворено да ги сослуша сите сугестии од лицата со попреченост и организациите на лица со попреченост и дека податоците од пописот се очекува да послужат како основа за понатамошни статистички операции и истражувања кои се однесуваат на оваа популација и креирање на соодветни државни политики.

На средбата беше изразена силна волја од страна на сите присутни за понатамошно заедничко делување и соработка и беше заклучено дека постои потреба од едукација и сензибилизација на сите институции вклучително и ДЗС како и интензивирање на соработката меѓу граѓанските организации и институциите за вклучување на лицата со попреченост како дел од истражувачките тимови во понатамошните истражувања кои ќе ја опфаќаат оваа популација.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Пехчево: Донација на две маси за играње на пинг – понг

0
Општина Пехчево преку Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, обезбеди донација на две маси за играње на пинг – понг.      Со што се...