МОН: Училиштата ќе бидат подготвени за прием на ученици и за непречена реализација на учебната година со која започнуваат најкрупните образовни реформи досега

МинистерстваМОН: Училиштата ќе бидат подготвени за прием на ученици и за непречена...

Најчитано

Училиштата интензивно се подготвуваат за новата учебна година. Тоа е процес кој е започнат уште поодамна, така што очекувам да бидат целосно подготвени за прием на учениците со физичко присуство и за непречена реализација на квалитетна настава во која воведуваме низа реформи годинава. Внимаваме и мора да внимаваме на сé, а особено да бидеме одговорни и да ги почитуваме протоколите, бидејќи не смееме да заборавиме дека учебната година се организира во услови на пандемија. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на основното училиште „Дане Крапчев“ во општина Гази баба.

„Во изминатиот период заедно со локалните самоуправи, раководствата на  училиштата, со граѓанските организации и странските партнерски организации како УНИЦЕФ, УСАИД, Светска банка и други, работевме на подготовка на училиштата за прием на учениците, но и за непречена реализација на наставата која нема да биде само на едно оптимално ниво, туку на доволно квалитетно ниво за да се почувствуваат придобивките од новата Концепција за основно образование“, рече Царовска.

Таа нагласи дека онаму каде што беше побарано и имаше потреба од интервенција, се реализираа или се во тек инфраструктурни инвестиции, а потсети и дека во моментов се работи на опремување на кабинети по природни науки во над 260 основни училишта, како и дека набавени се 10.000 таблет компјутери, наменети првенствено за ученици од четврто одделение кои потекнуваат од семејства во социјален ризик, за како што рече, да можат да ги користат дигиталните учебници кои исто така се новина годинава. Од нив, 3.000 се веќе распределени по училиштата.

Царовска рече и дека набавени се мобилни станици за вода за дел од училиштата заради подобрување на санитарно – хигиенските услови, а според информациите доставени од градоначалниците, сите општини обезбедиле доволно средства за дезинфекција и лична хигиена. Како што рече, оваа година и учебниците се навремено доставени до сите училишта.

„Дистрибуцијата на учебниците кои не се дигитализирани се уште, годинава започна навреме и за прв пат ќе биде целосно заокружена пред 1 септември. И во тој дел сме подготвени. Учениците и родителите ќе немаат грижа дали ќе се доцни со учебниците од кои ќе треба да го повторуваат материјалот кој го совладале за време на часовите“, нагласи Царовска, додавајќи дека за училиштата се набавуваат и интерактивни табли, а воедно и други нагледни средства веќе се инсталирани по училниците.

Министерката апелираше на највисока одговорност од сите засегнати во образовниот систем. Како што рече, најважно е да останеме доволно свесни и одговорни, бидејќи сепак наставата и оваа година се организира во услови на пандемија, иако МОН е подготвено за брза транзиција кон друг модел и непречено одвивање на образовниот процес.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе