spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаКандидат за градоначалник за претстојните Локални избори за Општина....

Кандидат за градоначалник за претстојните Локални избори за Општина….

Политичката партија Левица го претстави кандидатот за градоначалник за претстојните Локални избори за Општина Карпош – Дарко Ристовски.

Како истакнат активист за заштита на зеленилото и Водно, фокусот ќе му биде поставен на спречување на бетонизацијата и зазеленување на секој слободен простор.

„Со оваа кандидатура сакам да го ставам на располагање моето знаење, искуство и визија за создавање на општина која ќе нуди услови за достоен живот, според потребите на народот, а не на олигарсите и профитерите. Преку моите патувања и живот во градови како Њујорк, Лондон, Париз како и долгите професионални ангажмани и престој во преубавите Виена и Љубљана научив и видов дека урбаното и квалитетно живеење не значи пренаселување и масовна бетонизација, узурпирање на јавниот и зелен простор на еден град и општина. Ова лудило кое се случува мора да го запреме и да почнеме да градиме општина која ќе биде гордост и инспирација за сиот народ.“ изјави Дарко Ристовски.

Ристовски е роден во 1979 година во Скопје, а е жител на скопската населба Тафталиџе. Основно и средно образование завршува во образовните институции на територијата на Општина Карпош, најпрво основно образование завршува во „Јан Амос Коменски“ додека пак средното гимназиско во „Орце Николов“. Дарко Ристовски е дипломиран информатичар на Природно математичкито факултет при УКИМ. Цели 18 година работи во ИТ сферата.

Повеќе за Дарко Ристовски може да прочитате ТУКА.

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте