Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.78 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 4.64 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.16 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.54 %.
Југозападниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.72 %.
Најголем број слободни работни места, односно 3 690, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Преземи го соопштението во целост
Извор: Државен завод за статистика