spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Слободни работни места во второто тримесечје од 2021 година

ДЗС: Слободни работни места во второто тримесечје од 2021 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.78 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.64 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.16 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.54 %.

Југозападниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.72 %.

Најголем број слободни работни места, односно 3 690, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Преземи го соопштението во целост

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...