spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не...

СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаја на време ниту да ги довршат, ниту пак да ги отворат

Предизборната кампања на СДСМ на манипулации и лаги не поминува веќе кај граѓаните. Граѓаните многу добро знаат кој колку изгради.

СДСМ со Зоран Заев во секое поле потфрли, така и со градинките.

Имено, во случај на пандемија од КОВИД владата не успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, а мајките губат работа или самите даваат отказ за да ги чуваат своите деца.

СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаја на време ниту да ги довршат, ниту пак да ги отворат.

За помалку од 8 години ВМРО-ДПМНЕ изгради 70 градинки низ цела Македонија.

А, ниту една капитална инвестиција откако Заев е на власт во Македонија нема.

Нема полошо од СДСМ за Македонија.

Време е за Македонија за сите луѓе.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте