spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Здруженија на пензионери на традиционални регионални спортски натпревари

Куманово: Здруженија на пензионери на традиционални регионални спортски натпревари

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска ги отвори традиционалните регионални спортски натпревари, во организација на Сојуз на здружение на пензионери на Македонија. На натпреварите учествуваа членови на Здруженија на пензионери од: Пробиштип, Кратово, Злетово, Крива Паланка и Куманово, кој е овогодинешен град домаќин. Натпреварите се одвиваат на Атлетската стаза и на игралиштето во ОСТУ “Наце Буѓони”, во спортските дисциплини: фрлање на ѓуле, скок во височина, шутирање на мали голови и на кош, атлетика на 60 м до и над 60 години. Победниците на традиционалните натпревари ќе земат учество на републичкиот натпревар во Велес.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте