spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиГолемиот проект 14 затворени пливачки базени сега е реалност

Големиот проект 14 затворени пливачки базени сега е реалност

Директорот информираше дека веќе шест пливачки базени се започнати во 2020 година, а за четири во тек е тендерска документација со рок на изведба од 18 месеци. Станува збор за базени со димензии со должина од 25 метри и ширина од 9 метри.

Известуваме дека во иста фаза на изградба се базените во основното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски во општина Ѓорче Петров,општина Кисела Вода, во основното училиште Невена Георгиева – Дуња, и во Штип во Спортскиот рекреативен центар Суитлак каде се поставени челични конструкции и фасадни панели, а во моментот се работи на внатрешно уредување. Се монтираат фасадни панели на базенот во општина Кичево со локација во кругот на училиштето „Санде Штерјоски“ и детската градинка „Ластовички.

На базенот во Битола во Основното училиште „Даме Груев , во моментот се работи на зајакнување на металната конструкција по што следува монтирање на фасадните панели.

Во завршна фаза е и затворениот базен во Тетово каде по монтирањето на термална пумпа истиот наскоро ќе биде готов и целосно во функција.

Четири базени за коишто е отпочната тендерската постапка се во општините Карпош,Чаир,Струмица и Кавадарци.

Ова се исклучително значајни проекти за враќање на полниот сјај на спортот.

“За базенот во Струга, веќе е во тек тендерската постапапка, по чиешто заокружување на законските рокови, ќе започне долго очекуваната реконструкција на овој струшки базен во кој се одржани многу натпревари во ватерполо и пливање и беше место каде многу млади луѓе како спорт го избраа пливањето токму поради овој базен. Конечно дојде време, базенот во Струга да го врати стариот сјај и повторно да биде атракција за стружани“ – истакна директорот Мојсовски

Уште еден многу значаен проект посебно за карпошани и Скопје е спортската сала Партизан за која директорот истакна:

“ Во оваа прилика би сакал да ве информирам дека Агенцијата за млади и спорт е посветена и за обосновување и реконструкција на спортската сала Партизан, во општина Карпош, за што е и распишана тендерска постапка.

Партизан е симбол за спорт на карпошани ние се обврзуваме да го вратиме сјајот на партизан, некогашната култна спортска сала ќе ги живее повторно убавите мигови на спортот. Од оваа сала се излезени и прославени голем број на спортисти а веруваме дека тоа ќе продолжи и понатаму, рече Мојсовски.

Агенцијата, која е куќа на спортот , но и дом на младите луѓе, континуирано вложува во објекти и проекти кои се од клучно значење за подобри услови на младите луѓе и на спортистите, со цел да го вратиме високото ниво на спортските активности, натпревари и рекреација во салите, игралиштата и базените што го одбележале детството и младоста на повеќе генерации.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...