spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаОпштина Карпош со 600.000 денари за печатарски услуги во пресрет на изборите

Општина Карпош со 600.000 денари за печатарски услуги во пресрет на изборите

Уште еден скандалозен предизборен договор – Стефан Богоев како градоначалник на Општина Карпош на 30 август склучил договор за печатарски услуги во вкупна висина од 600.000 денари.

Овој договор е склучен на месец и половина пред одржување на Локалните избори на кои СДСМ повеќе од сигурно дека ќе ја добие казната од жителите на Општина Карпош, меѓудругото и за недомаќинското трошење финансиски средства на Општината.

Овој договор е уште еден во низата кој фрла сомнеж на вистинската потреба од вакви услуги. Претходно, Левица Карпош реагираше и за двата идентични договори „Изнајмување на техничка опрема и техничка поддршка за озвучување на настани, изнајмување на бина, осветлување и подвижна алуминиумска рампа“.

Во најмала рака, СДСМ и Стефан Богоев мораат да ја образложат потребата од вакви услуги и да одговорат дали со истите овие договори, со општински пари се плаќа кампањата на СДСМ во Општина Карпош. По падот на најголемите непријатели на Општина Карпош со сигурност ќе следи ревизија на сите јавни набавки.

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте