Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа работен состанок помеѓу претседателот на ССМ, Дарко Димовски и престедателот на Европскиот совет на полициски синдикати (CESP), Рикардо Валадас, а на состанокот присуствуваше и Генералниот секретар на CESP, Јесус Лира Калво.
На состанокот се разговараше за состојбата на полициските службеници во Македонија и Европа, за предизвиците пред кои се исправени полициските службеници особено поради паднемијата предизвикана од Ковид – 19, правата на полициските службеници, соработката помеѓу синдикатите и др.
CESP е организација на Советот на Европа каде членуваат полициски синдикати од 15 земји и каде Македонскиот полициски синдикат е полноправна членка.