Темелковски ќе потроши 20 милиони денари за нови вработувања во пренатрупаната администрација

Политички партииЛевицаТемелковски ќе потроши 20 милиони денари за нови вработувања во пренатрупаната администрација
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

На крајот на јуни, еден месец пред распишување на локалните избори, актуелниот градоначалник Филип Темелковски, склучи скандалозен договорен со приватна агенција за вработувања, „Егзјекутив срч лизинг”, застапувана од управител Горан Паздријан.

Ваквото енормно трошење на општински пари за нови вработувања, во услови кога дел од населбите функционираат со азбестни цевки од минатиот век, укажува колку локалната власт на СДСМ се грижи за потребите на граѓаните. Дополнително, се поставува прашањето зошто општината троши јавни пари за провизии за приватни агенции за вработување или повторно се работи за цедење буџетски средства за фирми блиски до власта?

Локалната власт и јавната администрација е сведена на партиски апарат за згрижување послушни кадри, па парадоксот на управувањето со општините е постојано зголемување на бројот на администрација – проследено со намалување на квалитетот на јавните услуги!

Овие привремени вработувања претставуваат уште еден параван на СДСМ за класичен предизборен поткуп, преку познатите методи на изнудувања гласови со партиски вработувања. Со оглед на катастрофалното владеење на Темелковски во Кисела Вода и отсуство на било каква реализација на капитални проекти, ваквите предизборни скапи манипулации претставуваат очајнички обид за задржување на власт.

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img