spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваРегистрација за 4-от Дигитален Самит за Западен Балкан(WB6) во Подгорица

Регистрација за 4-от Дигитален Самит за Западен Балкан(WB6) во Подгорица

Од 11 до 13 октомври 2021 во Подгорица ќе се одржи четвртиот Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан (WB6), на кој учесниците ќе имаат можност да разменат добри практики и достигнувања во процесот на дигитална трансформација, како и да ги дефинираат идните насоки на дејствување.

Регистрацијата за учество на настанот, кој ќе се одржи во хибриден и онлајн формат, е отворена.

Заинтересираните ќе можат да се пријават на линкот: https://bit.ly/DSWB_Registration.

Настанот, во организација на Министерството за јавна администрација, дигитално општество и медиуми на Црна Гора, е еден од најважните настани во областа на дигитализацијата и на едно место ќе ги собере претставниците на регионални влади на високо ниво, Европската комисија, Советот за регионална соработка, деловните заедници, граѓанските организации и релевантните засегнати страни.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

 

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...