spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерства171 сообраќаен прекршок, 48 за брзо возење, 25 за управување под дејство...

171 сообраќаен прекршок, 48 за брзо возење, 25 за управување под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, 25 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 9 мерки за користење мобилен телефон, 3 за минување на црвено светло, 13 за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...