spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСредба со директорот на Солидарити Центар - САД

Средба со директорот на Солидарити Центар – САД

Во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа работна средба помеѓу претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Програмскиот директор на Солидарити Центар од Соединетите Американски Држави, Стивен МекКлауд. На состанокот присуствуваа и Секретарот на советот на ССМ, Златко Цветковски и советникот за меѓународна соработка, Ирена Ивановска.

По долгогодишна пауза на работење на овој Центар во државата, воспоставен е иницијален контакт за повторно отпочнување на соработката помеѓу организациите. Претседателот на ССМ, Димовски го информираше директорот МекКлауд за тековните активности на ССМ, преземените активности во изминатиот период, со посебен акцент на промовирање и заштита на правата на работниците во време на пандемија со КОВИД-19, како и идните активности кои се дел од програмското работење на ССМ.

Од страна на директорот на Центарот, беше изразена подготвеност за отпочнување на заеднички активности, имајќи го предвид капацитетот на организацијата, постигнатите резултати во изминатиот период, но и акцискиот план за делување.

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте