spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Издадени одобренија за градење, август 2021 година

ДЗС: Издадени одобренија за градење, август 2021 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2021 година се издадени 276 одобренија за градење, што е за 50.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 248 028 илјади денари, што е за 96.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во референтниот месец се издадени одобренија за градење на објекти од високоградба со поголеми вредности, конкретно резиденцијални објекти за домување во Општина Гази Баба.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 147 (53.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 49 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 80 (29.0 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 276 објекти, на 158 (57.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 (42.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 582 станови, со вкупна корисна површина од 110 541 м2.

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...