Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски денеска беше во работна посета на ОВР Ресен. На средбата раководството на ОВР Ресен го информираше директорот дека безбедносната состојба на територијата на Ресен е стабилна, а се разговараше и за активностите кои се преземаат во врска со претстојните локални избори односно текот на предизборната кампања и подготовките за денот на изборите.
Директорот Тасевски уште еднаш ги повтори насоките кои се упатени до сите полициски службеници за безбедно одржување на избирачкиот процес и максимална професионалност во полициското работење.