Џим Лофтон, поранешен американски обвинител, кој во Република Северна Македонија е дел од програмата за размена на академски кадар, познатa како „Фулбрајт“, вчера престојуваше во Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), во придружба на Али Муслиу и на Јусуф Зејнели, предавачи на Универзитетот во Тетово, и беше примен од директорот на АПЈ, Илбер Села.
Во оваа прилика, тој беше информиран за Законот за употреба на јазиците и за формирањето на Агенцијата, како и за нејзината досегашна активност.
На Универзитетот во Тетово Џим Лофтон ќе предава Вовед во владеење на правото.
Села и Лофтон, исто така, разговараа за можностите за соработка и за поддршка преку воспоставување врски со организација што се занимава со јазично планирање.