spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Голем интерес за трета вакцина

Гевгелија: Голем интерес за трета вакцина

Во општините Гевгелија, Богданци и Дојран постои голем интерес за третата „бустер” доза со вакцината на Фајзер.

Досега, трета вакцина во овој регион примиле над 250 граѓани, од кои 155 само во еден ден. На вакционалниот пункт во Општата болница во Гевгелија голем број граѓани се пријавуваат за трета вакцина.

– Вакцини има доволно за сите што ќе изразат желба да примат трета доза од вакцината Фајзер, без разлика дали се вакцинирани во Гевгелија или на друго место во државата и тоа без најавување доколку се веќе внесени во системот на Министерството за здравство, вели директорот на Општата болница, Митко Крџев.
Крџев, исто така, информира дека досега во трите општини на југот од земјата се вакцинирале вкупно 12.000 граѓани од кои ревакцинирани се 11 000. Истовремено, апелира до граѓаните да се вакцинираат за да се спречи ширењето на мутациите на КОВИД-19.

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте