IuteCredit Македонија и оваа година ќе биде дел од годишната конференција за Е-троговија. Веќе неколку години ИутеКредит е дел од Асоцијацијата за Е-трговија и поддржувач на настаните кои Асоцијацијата ги организира.
ИутеКредит Македонија на својот виртуелен штанд ќе го претстави E-Shop решението за онлајн продавници со кое на купувачите им нуди уште еден дополнителен начин на плаќање онаму кадешто E-shop решението е интегрирано. Купувачите ќе можат да плаќаат со кредит на рати за производите кои сакаат да ги купат. На овој начин, производите ќе бидат нивни веднаш, а ќе ги отплаќаат на рати. Од друга страна, онлајн трговците ќе имаат можност да добијат поголем број на потенцијални купувачи, да им понудат подобра услуга за онлајн плаќање, а исплатата да ја добијат веднаш од страна на ИутеКредит.
Со ова решение ИутеКредит станува Ваш партнер за успешен онлајн шопинг!
Се гледаме на 12.11.2021 на Конференцијата за Е-трговија, со физичко присутво или онлајн!